Фабриката на американскиот гигант “Гентерм” сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп има потреба од 100 работници на позицијата општ работник.
Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, предвидена е почетна плата во висина од 12.000 денари, а огласот трае до 14.03.2018.
Основното општинско училиште “Гоце Делчев” има потреба од двајца одделенски наставници.
Надоместот за плата изнесува 20.664 денари, а огласот е активен до 13.03.2018 година.