Свирна пенал во 93-та за Реал Мадрид, па сега живее со полициско обезбедување и под закани (ВИДЕО)

33-годишниот судија Мајкл Оливер, кој во повратниот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, досуди пенал во 93-та минута за Реал Мадрид и го уништи сензационалниот камбек на Јувентус, сега поминува низ вистински пекол во животот.

Судијата кој им го загорчи животот на милиони фанови на “старата дама” добива смртни закани и живее под полициско обезбедување – пишува “Дејли мејл”.

Контроверзната одлука на Оливер се одрази и на неговата жена Луси која е исто така професионален фудбалски судија. Таа како и нејзиниот сопруг добива исти закакни.

Нејзиниот телефонски број дури бил и објавен на социјалните мрежи, што предизвикало постојано да добива непристојни пораки.

Полицијата исто така трага по непознати лица кои доаѓале до вратата на нивниот дом ги навредувале и им оставале пораки во сандачето за пошта.

Оливер бил под напад не само за досудениот пенал, туку и за покажаниот црвен картон на голманот на Јувентус Џианлуџи Буфон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.