По 10-ти јубилеен пат и со звуците на училишната химна во Средното економско- правно- трговско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп, се одржа манифестацијата на свечено доделување на дипломи на матурантите од ова училиште.
На 115 матуранти со образовен профил: економски техничар, правен техничар, банкарски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг, им беа доделени дипломи од страна на директорот на училиштето Васил Гајтаноски во присуство на класните раководители, професори, родители и гости.
На манифестацијата традиционално беше прогласен и првенец на генерацијата 2013- 2017 Теодора Петровска од образовниот профил-економски техничар, а исто така беа доделени и признанија и дипломи на учениците кои освоија едно од првите три места на престижната манифестација на средни стручни училишта МАССУМ која се одржа на крајот од месец април во Скопје.