Синоќа свечено беа доделени 220 дипломи во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Директорот на оваа образовна установа, Кире Николоски, истакна дека и оваа генерација на матуранти била вистинска гордост за Прилеп и исто како и претходните генерации и таа се истакнала со врвни резултати постигнати на големиот број на државни натпревари.
„Како директор на оваа генерација матуранти им посакувам се најдобро, посакувам да станат врвни интелектуалци со кои што ќе се гордее и гимназијата „Мирче Ацев“ и градот Прилеп и Република Макдонија“, кажа Кире Николоски, директор на гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.
На доделувањето на дипломите присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, кој на учениците им посака сите да се запишат на факултет и посака како што сега се славело за нивната матура така во иднина да се славело и за нивното дипломирањето на факултет.
„Традиционално како и секоја година дојдовме во гимназијата „Мирче Ацев“ за да им честитаме на 220 матуранти кои излегуваат од ова училиште, им го честитам матурирањето и им посакувам се најубаво во животот, посакувам да се запишат на факултет и како што денес славиме за нивната матура во иднина така да славиме и за дипломирањето на факултетот. Ова беше навистина успешна генерација, се надевам дека и понатаму ќе има успешни кадри кои откако ќе поминат низ образовниот процес во Македонија ќе станат успешни луѓе кои еден ден ќе не заменат многу поквалитетно сите нас и во градот и во Македонија. Со овие деца нашата држава има одлична иднина“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.