Четворица доктори се суспендирани од болница во Кенија , откако изврешиле операција на мозок на погрешен човек.
Според управата на болницата, пациентот што по грешка бил опериран е во добра состојба и се опоравува. Во тек е истрага за настанот, а според Министерството за здравство ова е прв ваков случај во земјата. На социјалните мрежи илјадници луѓе со ужас коментираа за замената. Овој настан доаѓа по само шест недели откако во министерството било пријавено дека во истата болница биле силувани родилки.
Директорот на болницата, Лили Корос, изјави дека болницата “длабоко жали за овој настан и има направено се што може за да ја осигури безбедноста и благосостојбата на пациентот за кој станува збор.”
Таа информира дека четири лица – неврохирург, медицинска сестра, главна медицинска сестра и анестезиолог биле суспендирани.
Но, колегите на докторот протестираа против суспензијата,тврдејќи дека треба да се казни оној што ги измешал картоните.
Во меѓувреме, лекарски сојуз застана во одбрана на персоналот, со образложение дека болницата е “преоптоварена” поради недостиг на персонал и дека еден доктор извршува 10 до 19 операции дневно .