Светот е премал да се измери нејзината убавина: Времето работи за малата Ана, таа денес е уште поубава (ФОТО)

Деојчето толку многу зрачи со убавина, што на Инстаграм ја следат повеќе од 460.000 следбенци.

Едно од најубавите девојчиња на светот го украде срцето на сите кои до сега имаа прилика да ја видат. Кога имаше 5 години, успеа да ја засени, но и да ја симне од тронот својата сонародничка Кристина Пименова.

Русинката Анастасија Кнјазева сега е една година постара, а времето очигледно работи за неа.

Кога била прогласена за најубаво девојче на светот, имала и голем број на следбеници. Сега ги има уште повеќе, па малата Русинка на Инстаграм ја следат повеќе од 460.000 луѓе.

Нејзината мајка секојдневно објавува фотографии од малата Анастасија, на кои се гледа дека девојчето изгледа многу повозрасно од претходно.

Убавицата со природни сини очи може да се пофали со успешна кариера како модел со оглед на тоа дека е заштитно лице на многу компании.

На фотографиите изгледа речиси како кукла, а сите кои работат со неа тврдат дека девојчето е многу природно пред камерите и дека позира како да има 25, а не само 6 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.