Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од Коалицијата ” За подобра Македонија”, Елвис Бајрам бил нападнат за време на партиски активности во општината со кандидатите за советници, вели Аднан Мемет кој бил со него за време на нападот.
-На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа веќе спремни. Беа спремни со секири, беа спремни со шипки и не нападнаа физички и со боксови. Ние им објаснувавме дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на улиците, односно со граѓаните на Шуто Оризари е по нивна иницијатива. Тие вербално не нападнаа, па откако физички не нападнаа настана гужва и тоа беше цела работа, вели Мемет.
Потенцира дека по него и кандидатот за градоначалник било удирано со боксови, шипка и секира.
-Апелирам до институциите односно до Државната изборна комисија и до Министерството за внатрешни работи да преземат мерки, рече Мемет.
Нагласи дека во моментот на Елвис Бајрам се наоѓа во болница и оти му се прават испитувања.
Извор: kurir