Студент паднал на испитот по логика, па се обидел на друг начин да го положи.
Студентот: Вие ме казнувате, а дали го разбирате тоа што го пишувате во испитот ?
Професорот: Секако, затоа сум професор.
Студентот: Во ред, ќе ве прашам нешто. Ако го знаете точниот одговор, ќе се видиме на наредната сесија, но доколку не знаете, добивам шестка како награда.
Професорот: Во ред, прифаќам.
Студентот: Што е легално, а не е логично? Што е логично, а не е легално ? А што е тоа што ниту е легално, ниту логчно ?
Професорот не успеал да го одговори прашањето, па морал да го исполни ветувањето и му пишал шестка на студентот.
Студентот веднаш одговорил: Вие имате 53 години, а вашата сопруга 23, па тоа е легално, но не е логично. Вашата жена има 24-годишен љубовник, што е логично, но не е легално. Вие му пишувате шестка на љубовникот на вашата жена, иако би требало да не го положи испитот, што е ниту легално, ниту логично.