СТРАШНО: Девојка од Пакистан каменувана поради бизарна причина – се пожалила дека ја силовал роднина

kamenov_620x0

После расправија, племенските старешини од пакистанско село одлучиле дека намерно го завела напаѓачот, па поради тоа е осудена на смрт со каменување, додека напаѓачот е ослободен по сите обвинувања.

Несреќна 19-годишна девојка пријавила кај локалните племенски судии дека спиела во семејната куќа, кога за време на ноќта нејзиниот роднина ја силовал. Според нејзините зборови , таа не можела да вика за помош, затоа што намаѓачот и се заканувал со пиштол.

После расправијата, племенските старешини одлучиле дека таа намерно го завела напаѓачот. Судот наредил каменување до смрт, а исто така го приморал таткото на девојката да ја прифати пресудата.

Како што пренесува Хиндустан тајмс, кога сфатила дека може да биде каменувана до смрт, таа се обратила кај нејзиниот вујко, кој поради нејзина безбедност ја одвел во полиција.

Органите на редот веднаш реагирале. Четири племенски старешини, вклучувајќи го и таткото на насилникот, се уапсени поради учевство во неофицијален суд.

Убиствата поради чест и смрттните казни се честа појава во пакистанските села. Иако властите со децении се борат против ваквите обичаи, нивната борба не дава преголеми резултати.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.