Во местото Крицендорф, на територијата Клостернојбург, покрај Виена, синоќа се случила железничка несреќа. Во сударот околу 20 патници се здобиле со повреди, притоа најмалку 6 со тешки.
Двата возови се судриле на станицата Крицендорф.
Според зборовите на портпаролот на противпожарната единица Франц Респергер, двата возови се судриле бочно и двата вагони се превртиле, а еден се навалил на страна, пренесуваат австриските медиуми.
Еден од повредените морал со хеликоптер да биде пренесен во болница.