Пратениците на СДСМ на денешната седница не го прифатија предлог законот по скратена постапка кој што требаше да обезбеди зголемување на пензиите за 5%.
Со законот за зголемување на пензиите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија зголемување на пензиите за 5%, односно побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои што пензионерите го добиваа секоја година предходно.
Eдинствено пратеникот Ферид Мухиќ гласаше “ЗА”, a пратеникот и претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија Илија Јованоски, гласаше против повисоки пензии за граѓаните кои ги претставува во Собранието.