СКАНДАЛ: Осквернавен со кукасти крстови споменикот КРАЛ МАРКО, претходно и Александар Македонски (ФОТО)

Само две работи на светот се бесконечни, вселената и прилепската глупост, или како и да беше, но второво е сигурно.

Синоќа во центарот на Прилеп осквернавен со кукасти крстови е споменикот на Крал Марко.

Четири кукасти крстови осамнаа денеска на постаментот од споменикот како добро утро за прилепчани.

На кого му сметаат спомениците кои го красат централното градско подрачје останува мистерија.

Неодамна на плоштадот “Александрија” цел на напад беше и споменикот на Александар Македонски, за кого сторителите сеуште не се откриени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.