СКАНДАЛ: ”Маската на градоначалникот слична на оние озлогласени од “Кју клукс клан”, кои ги осудува цел свет?!”

Зад нас е уште едно издание на карневалот “Прочка” во Прилеп. За разлика од претходните, коментарите за оваа година се дека карневалот го посетиле значително помалку луѓе и гости од други земји.

Локалната самоуправа предводена од новиот градоначалник Јованоски не направи некои измени во организацијата, туку напротив ја прифати целосно како и минатите години, без некое унапредување или дополнување, нешто што беше карактеристично ако се има во предвид континуитетот на организирање на карневалот од година во година.

Карневалот заврши со традиционалното доделување на наградите за најдобрите маски, што одново се одржа во ресторанот на Хотел Липа.

Организацијата продолжи со забавата под маски, а градоначалникот и неговата сопруга беа маскирани во маска која на многумина им изгледаше чудно.

Објаснувањето од нивна страна е дека се инспирирани од јапонскиот цртан филм “Наруто”, но коментарите по социјалните мрежи беа најразлични.

Некои ја прифатија маската како таква, а некои отидоа до таму дека Јованоски на себе носи контроверзна маска, налик на оние од злогласениот “Кју клукс клан”.

Oделото нависина наликува на белите мантили од организација во САД која има за цел предизвикување на расна и верска нетрпеливост?!

Нема да навлегуваме дали е така или не, само ќе кажеме секој има право на свое мислење, дури и оние на кои оваа маска им наликува на традиционалното одело од луѓето во “Кју клукс клан” организацијата.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.