Државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили своите активности како член на Генералштабот на ОНА ги потенцирал и во својата биографија.
Адили сметал дека е важно граѓаните да знаат дека тој бил дел од ОНА, или паравоената Ослободителна Народна Армија, која го иницираше конфликтот во земјава во 2001 година.
Во неговата биографија покрај тоа уште е наведено и дека тој е еден од основачите на здружението на ветерани на ОНА, како и дека во 2002 година бил активен во координативниот совет на ОНА со политичките партии ПДП, ДПА и НДП.
Адили е именуван за државен секретар како функционер на партијата Унитети, која ја основаше со Гзим Острени, а која на изборите беше во коалицијата Алијанса за Албанците, предводена од Зијадин Села.