СКАНДАЛ: Груевски 10 часа во судница, маратонска седница на политичкиот процес против него

Поранешниот премиер Никола Груевски денес повторно беше во судница. Рочиштето за „Тенк“ денес почна од 09:30 часот и траеше повеќе од 10 часа, пишува Курир.

Ваква маратонска седница досега немало во судската пракса. Ваков третман од судот, пак, немаа ниту осудените за тероризам за Диво насеље.

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Беше одбиено да не се изведуваат јавно материјалите, а не беше прифатено ниту да се издвојат осум аудио снимки од листата на докази бидејќи истите се веќе јавно објавени.

Одбиено е и барањето да се исклучи јавноста од судењето. Судот го одби и приговорот околу тоа дека снимките не треба да ги репродуцира лице вработено во судот.

Обвинетите бараа потврда на автентичноста на разговорите. Тие ја спорат вистинитоста, бараат доказ дека тоа се нивните гласови, дека континуитетот на разговорите не е менуван, бараат потврда за точноста на времето кога почнале и кога завршиле. Беше одбиена и потребата од докажување на автентичноста на снимките.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.