Денеска со почеток од 15:30 часот на стадионот на “Могила”, Победа ја пречекува екипата на Академија Пандев, во рамките од 5-тото коло на македонската Прва фудбалска лига.
После позитивниот резултат од Тетово, каде минатата недела Шкендија се спаси од пораз, црвено-белите се целосно мотивирани и ќе атакуваат на целосен плен денеска на домашен терен.
Екипата на Горан Пандев се наоѓа на третото место на табелата со два остварени триумфи, еден нерешен резултат и еден пораз, а прилепчани го подобрија впечатокот во изминатите две кола, па после почетните два порази на стартот од сезоната, забележаа триумф и нерешен резултат.
За да продолжи овој позитивен биланс потребна е и голема поддршка од публиката. Па затоа во 15:30 часот сите на МОГИЛА!