Овие хороскопски знаци поседуваат бројни карактеристики кои ги прават помоќни од сите останати.
Еве за кои станува збор:
ОВЕН
Овните се многу храбри и знаат да се носат со бројни ситуации. Не бегаат од проблемите, туку успешно ги совладуваат. Тука се да им помогнат на другите. Пожртвувани се и поседуваат карактеристики на водичи. Некои познати личности родени во овој знак се: Томас Џеферсон, Леонардно да Винчи и Маја Анџелоу.
ЛАВ
Лавовите се енергични, посветени и амбициозни. Не се откажуваат лесно и се борат да ги остварат своите цели. Добри се како пријатели и секогаш се тука за другите. Познати личности во овој знак се: Мадона, Џастин Тимберлејк и Бил Клинтон.
ШКОРПИЈА
Тие се многу борбени, енергични и сакаат да го добијат она што го посакуваат. За тоа и тоа како ќе се борат. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и јасно ќе ви кажат што мислат за вас. Познати шкорпии се Пабло Пикасо, Рајан Гослинг и Кети Пери.
РАК
Раковите се многу чувствителни и им помагаат на другите. Даваат добри совети и затоа многумина им се доверуваат. Влијаат и ги мотивираат останатите. Познати ракови се Фрида Кало, Јулиј Цезар и Џорџ Буш.