Дури 4 од 5 членови на семејството Селвуд од Тонбриџ, во Кент, Божиќните и Новогодишните празници ќе ги поминат зад решетки. Семејството е познато по насилство, пијанство, а во затвор се најдоа тројцата синови и нивната мајка.
Дарен (34), Ли (31) и Џејсон (33), како и нивната мајка Лесли (53), со години ги тероризирале своите соседи во Тонбриџ.
Нивната тетка без проблем ги нарекува “диви животни” и “ѓубре”.
“Целосно ги мразам, тие се животни. Воодушевена сум што ќе ги видам зад решетки, среќен им Божиќ”, рекла сестрата на Лесли Тереза Коул (51).
Единствено најмладата сестра Кели (29) е на слобода, но ни таа не е безгрешна. Пријавена е за напад на соседката.
Последен Селвуд кој бил осуден на затворска казна е Дарен. Тој служел казна од 15 месеци поради тоа што со нож го избодил својот пријател. Во затвор бил и порадно, а во 2008 година поминал 5 ипол години зад решетки за претепување на човек. Му газел по главата, поради што човекот добил трајно оштетување на мозокот.
Неговиот брат Ли и мајката Лесли пред две недели завршиле во затвор поради неколку прекршоци. Осудени се на 19 месеци.
Џејсон Селвуд пак служи 6-годишна казна, поради тоа што го кренал во воздух банкоматот и украл 19.000 фунти. Таткото и мажот на ова семејство починал од алкохолизам пред 12 години.
Најмладата Кели вели дека соседите имаат погрешна претстава за нејзиното семејство.
“Тешко е. Не смеат дури ни поклони да примаат за празниците. Требаше малку да им попуштат, сепак наближува Божиќ”, вели Кели, мајка на три деца.
А/Г/