Десетина асистентки во Европскиот Парламент во Стразбург ги обвинија пратениците во ова законодавно тело на ЕУ за сексулано злоставување и тврдат дека оваа институција е легло за малтретирање.
Престапниците се наводно високи застапници од сите политички свери, а меѓу нив има и поранешни министри.
Жртвите на ова малтретирање одлучиле да го прекинат молкот откако избил скандал со славниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, после што на социјалните мрежи се појави иницијативата “Ме Too”.
Својата приказна асистентките ја пренеле и на новинарите на лондонскиот “Сандеј Тајмс”.
Eдна од нив тврди дека еден угледен пратеник стар приближно 60 години, кој го опишува како оженет татко со две деца, “неприкладно ја допирал”.
“Ме галеше по косата, потоа по вратот и почна по грбот …. Се скаменив, бев преплашена. Им кажав на колешките кои ме посоветуваа да го пријавам, но на крајот не го направив тоа… Ми беше страв дека ќе ја изгубам работата, ќе се посрамотам и дека ќе си ја уништам кариерата”.
Новинарите на Сандеј Тајмс виделе и СМС порака која Ивес Кокет, екс француски министер за заштита на околината и пратеник на Зелените во Европскиот Парламент, и ја испратил на 25-годишна асистентка .
Во пораката 71-годишниот ја прекорил бидејќи одбила повик за вечера и додал дека сака со неа да подели “страст, соништа и фантазии”.
Весникот пишува и за еден пратеник кој мастурбирал пред својата млада асистентка, како и за еден средовечен политичар кој ја допирал својата помошничка.
Девојките тврдат дека парламентот на ЕУ е легло на злоставувачи, кои намерно вработуваат млади асистентки, сметајќи дека не одговараат пред никој.
А/Г/