По нападот на 11 септември, преживеаните набрзо се вратени во центарот на Менхетен. Иако воздухот не мирисал добро, од сојузната Агенција за заштита на животната средина, изјавиле дека е безбедно.
Меѓу оние кои се вратиле имало и деца. Тие сега се возрасни, млади луѓе, раштркани низ светот, меѓутоа дознале дека сепак не поминале неповредени на тој 11-ти септември 2001 година.
Ракот започнал да ги коси луѓето кои се наоѓале во близина на “близначките”. Лекарите од Програмата за здравствена заштита потврдиле дека причина за опасната болест е тоа што луѓето биле изложени на токсична прашина.