Бројот на непополнети работни места во Германија достигна рекордна вредност од речиси 1.2 милиони во последниот квартал од минатата година.
Инстутутот за истражување на пазарот во Нирнберг истакнува дека најголемата побарувачка за работници е во преработувачкиот и градежниот сектор.
Германските градежни компании во овој момент бараат околу 100.000 работници од различни профили.
Недостатокот на работници го има во сите сектори, а меѓу најбараните занимања се електротехничари, мехатроничари, медицински техничари, програмери, инженери од сите профили, како и класични занаети како лимар, водоинсталатер…
Традиционално голема е побарувачката и за медицински персонал, а во последно време се чувствува и недостатокот на инструктори за возење.
Потсетуваме дека германските синдикати и работодавци постигнале договор за повисоки плати и подобро работно време и така го решиле спорот кој доведе до низа штрајкови на крајот од јануари и почетокот на февруари.
Договорено е зголемување на платата за 4.3 проценти од 1 април, како и можност за флексибилно работно време.