На денешната амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет на која се резгледуваат амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот за 2017. година, мнозинството предводено од СДСМ со цел одолговлекување, пријавувајќи се на реплики ја блокираат комисијата.
На амандман на пратеничката Слаѓана Итовска од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесуваше на обезбедување на парични средства за Сојузот на борците, притоа амандман кој што минатата година бил поднесен токму од пратеници на СДСМ, сега СДСМ како власт и мнозинство освен што одбива да обезбеди средства, се обидува и да го политизира овој и сите други амандмани.
Како што дознаваме, јавувањата на реплики се со цел да бидат разгледани што помалку амандмани кои СДСМ ги предлагале во изминатите години, а сега без никаков срам ги одбива.
Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со блокирањето сака да ја прикрие својата лицемерност, односно излегувањето на виделина лажната грижа за граѓаните. Со ова само се докажува дека сите амандмани кои што СДСМ ги поднесувале биле само голо политиканство, а не решавање на проблемите на граѓаните.
Извор: Курир