“СДСМ против укинување на радиодифузна такса …. погледнете што ветуваа …!?” (ВИДЕО)

Untitled

Помина нешто повеќе од месец дена откако СДСМ ја презеде власта во Република Македонија, а од нивните големи ветувања за подобар живот во државата, никаде ни трага, ни глас.

Но, граѓаните паметат што се’ ветуваа првите луѓе на СДСМ и што се’ си зедоа како обврска да реализираат кога ќе дојдат на власт.

Сепак, големите ветувања како што беа: минимална плата од 16.000 денари, укинување на радиодифузна такса, евтина струја, повисоки плати на докторите и повисоки субвенции за земјоделците, социјална пензија и.т.н., нема ни најава дека ќе се реализираат.

Наместо тоа, СДСМ започна повторно да ги лаже граѓаните. Минималната плата од 16.000 денари стана 12.000 денари, пред два дена гласаа против укинување на редиодифузната такса, евтината струја и понатаму ја нема, нема ни повисоки плати за докторите, а имаа предлог пред себе кој требаше само да го изгласаат, а земјоделците се жалат дека дел од нив сеуште не добиле субвенции.

Капак на тоа, револтот на граѓаните дополнително порасна со стопирањето на големите инфраструктурни зафати, како што се: автопатот Кичево-Охрид, автопатот Штип-Скопје и експресниот пат Прилеп-Градско.

И прилепчани паметат што ветуваа нивните сограѓани, а сегашни пратеници во Собранието од СДСМ пред нив, паметат и очекуваат новата влада да не си поигрува со нивните чувства и нивните судбини. Според граѓаните, СДСМ си игра држава, а не знае како функционира државата.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.