Пратениците од владејачкото мнозинство денес не дадоа поддршка и гласаа против организирање на јавна расправа за Законот за јазиците која што беше предлог одлука од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, Илија Димовски од пратениците на СДСМ побара да биде организирана јавна расправа бидејќи истата била и ветувана од страна на владејачкото мнозинство, а секако и поради осетливоста и и важноста на Законот за јазиците кои што предизвикува голем број на реакции кај македонската јавност.
Извор: kurir.mk