Спорниот и во јавноста сомнителен договор за добрососедство со Бугарија, кој на први август ќе го потпишат Заев и Борисов, и понатаму ќе предизвикува бура реакции.
Синоќа владата на СДСМ го усвои текстот на договорот, а денеска тој е објавен за јавноста.
Имено, членот 11 и членот 8 се токму најспорните во овој договор, кои ќе го предизвикаат гневот на Македонците, и во Македонија, и во Бугарија.
Во точката 5 од членот 11 на договорот стои:
5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.
Овој дел од договорот е контрадикторен и неуставен, зошто е тоа така погледнете во прилогот кој следува:
Во членот 49 на Уставот на Република Македонија стои дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, при што со овој член Македонија и Владата се откажуваат од Македонците во Бугарија.
Во членот 8 пак, во точка 2 се вели:
Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.
Со овој дел од договорот се потврдува најголемиот сомнеж на македонската јавност. Ова ќе значи дека, како што рекоа и бугарските историчари, редефинирање на учебниците во македонскиот образовен систем и промена на нивната содржина, по бугарски терк.
Дали со ова ќе се задоволат бугарските аспирации да ја диктираат и да ја пишуваат нашата историја?
На ова прашање и бугарскиот историчар Божидар Димитров во интервју за бугарската телевизија БТВ, изјави: “Димитров:Целата македонска историја е украдена.Учебниците мора да се сменат!
А/Г/