СДС ги сардисува и родилките!?

21040604_10212121319939724_2049183109_n

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

“СДС веќе подолг временски период го игнорира предлог законот за измени на Законот за работни односи кои се однесуваат на продолжено породилно отсуство за идните мајки поднесен од страна на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Неспособното и неодговорно работење на СДС ја забавува постапката да им помогнеме на идните мајки да се израдуваат на бенефитите од продолжувањето на породилното отсуство. 18 месеци, наместо сегашните 9 месеци.
Нашето прашање е: Зошто овој предлог никако не доаѓа на дневен ред и зошто СДС не дозволува да се зборува за него?

Предлог законот е идентичен на законот со граѓанската иницијатива што беше поднесена и потпишана од 217 мајки, а истата беше поздравена од страна на сите политики партии.

СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборниот период на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка.
Уште еднаш апелираме, што е можно побрзо, да биде разгледан предлог законот за работни односи кои се однесуваат на продолжено породилно отсуство за идните мајки.

Почитувана јавност,

Владата на СДС во овие месеци на владеење го нема исплатено породилното отсусво на младите мајки. Во Прилеп 900 мајки чекаат да им бидат исплатени средства кои им се повеќе од потребни.

СДС во свој познат стил уште на почетокот од своето владеење удри врз џебот на сите граѓани. Удри по државата. Но граѓаните тоа го препознаваат и на 15-ти октомври ќе ги казнат ваквите политики”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.