СВЕТОТ ВО СТРАВ: Еве како Ким Јонг Ун ја честиташе Нова година

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека САД треба да бидат свесни за нуклеарната сила на Северна Кореја, пренесува “АП”.

Во новогодишниот говор емитуван на државната телевизија, Ким рече дека Северна Кореја постигнала историски напредок со зголемувањето на своите нуклеарни сили, наведувајќи дека тој го има “нуклеарното копче” на неговата маса.

– САД би требало да знаат дека копчето за нуклеарно вооружување е на мојата маса. Цела Америка е на домет на нашето нуклеарно оружје. САД никогаш нема да можат да започнат војна против мене и мојата земја – рече Ким.

Како што кажа, оваа година Северна Кореја би требало да се фокусира на масовно производство на нуклеарни боеви глави и балистички ракети за “оперативно распоредување”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.