Музејот на ВМРО, зградата на ФДУ и плоштадот Пресвета Богородица, за премиерот Зоран Заев се “глупости“ и “будалаштини“. Додека неговите функционери најавуваат рушење на споменици и објекти од проектот Скопје 2014-та, овие симболи на македонската историја се значајни за граѓаните.
На пратенички прашања, Заев по којзнае кој пат ја излажа македонската јавност. Тој рече дека исплатиле 120.000 евра долгови кои биле непотребни како оние за згради, музеи, споменици кои за него се глупост! Рече дека досепаните долгови се преку 130 милиони евра.
-Владата исплати повеќе од 120 илјади евра долгови, за згради, музеи, споменици кои се апсолутна глупост. Вкупно доспеани долгови кои не се правени од „Скопје 2014“ се преку 130 милиони евра, а ќе доспеат и други, многу скоро. Можеме да земеме и кредити од 50 милиони евра, за да ги вратиме будалаштините на претходната влада. Оваа Влада ќе работи чесно, бидејќи немаме немара да го полниме буџетот преку давачки“, одговори премиерот Заев.
Тоа не е вистина. Владата на Заев нема исплатено ниту денар за веќе изградените објекти.
Музејот на ВМРО, Археолошкиот музеј, спомен куќата на Мајка Тереза и таа за Тоше Проески се објекти кои одамна се изградени и платени во целост од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ако ја зборува вистината, треба да објасни дека трошоци има за објектите кои во моментов се градат. Долгови има за објектот на Филхармонија, зградата за администрација и ФДУ, на плоштадот Пресвета Богородица, ЕЛЕМ која е во градба и ПУИК.
Веројатно, според неговата изјава, сите овие објекти кои имаат голема важност на граѓаните, за премиерот Заев се АПСОЛУТНА ГЛУПОСТ.
Извор: Инфомакс