Амбасадорот на руската федерација во Македонија, Олег Шчербаг синоќа во Прилеп ја отвори изложбата на фотографии „Москва денес“ рамките на одбележувањето на 24-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Руската Федерација.
Одговарајќи на новинарско прашање како Русија гледа на напорите за решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, тој истакна дека многу е важно таквите прашања да се решаваат преку преговори и врз основа на почитувањето на заемниот интерес.
– Русија ги гледа Македонија и Грција како две суверени независни држави. Затоа двете држави, како и други во слична ситуација, имаат право да изнајдат решение кои би им одговарало на двете страни, рече амбасадорот Шчербак.