Руската новинарка и ќерка на првиот посткомунистички градоначалник на Санкт Петербург, Ксенија Собчак, објави дека ќе се кандидира на изборите за претседател на Руската Федерација, кои ќе се одржат во 2018 година.
“Доста беше тишина, за ова размислував со месеци. Имам намера да бидам кандидат на оние кои сакаат да гласаат против сите”, рекла таа. Со други зборови таа сака да ги привлече револтираните гласачи на Русите.
Претходно опозицискиот лидер Алексеј Навални ја советувал да не го прави тоа, бидејќи ќе ја ослабне и така слабата опозиција во Русија, но таа не го послуша. 35-годишната Собчак во Русија го носи надимакот “Руска Парис Хилтон”.
Таа со години е синоним на светот со познати и секс, била модел на “Плејбој”, уредник е на “L’Officiel Russia”, имала свое ријалити шоу, а таблоидите ја обожаваат затоа што таа е непресушен извор на скандали .
А/Г/