Секој понекогаш сака на лесен начин да дојде до пари, а има ли подобар начин од добивка на лото или во некое казино? Прочитајте кои хороскопски знаци имаат голема среќа кога станува збор за финансиските средства.
Бикот е прв на листата, со оглед на тоа дека биковите сакаат материјална сигурност, економични се и постојано прават некакви пресметки. Тие се сакаат прво самите себе, па парите. Спремни се да го направат и невозможното за пари, а со оглед на тоа дека со нив владее Венера, тие секогаш се трудат да заработат и доаѓаат до богатство.
Стрелците се ентузијасти, прават се да дојдат до пари и најчесто успеваат во намерата. Сакаат да ризикуваат и имаат чувство за бизнис, па затоа и често доаѓаат до богатство.
Во знаците кои се среќни и имаат пари, спаѓа и Јарецот кој е трпелив и упорен, а неговиот долгогодишен труд секогаш ги носи до пари.