Ристески на кафе средби со голем број прилепчани (ФОТО)

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, денеска оствари кафе средби со голем број сограѓани.

Поддршката за него очигледно е на високо ниво, па прилепчани очекуваат негова убедлива победа уште во првиот изборен круг.

Ристески за време на изборната кампања презентираше голем број проекти за Прилеп, каде не изостануваат и големите, капитални проекти.

Најновиот проект кој го промовираше вчера се однесува на социјално ранливите категории на граѓани, за кои ќе се изврши еднократен отпис на долгови  настанати од неплатени сметки за вода и ѓубретарина.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.