“Прилеп за година и пол ќе биде опфатен со гасификација каде компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс. Изградена е делницата на гасоводот до Штип – Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино – Битола, преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри и во вредност од 37 милиони “, порача на денешната прес-конференција Марјан Ристески, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп.
Досега гасоводната цевка е стасана до Беловодица.
“Проектот започна со претходната Влада на ВМРО –ДПМНЕ и треба да биде завршена до крајот на 2018 година. Истражувањето на пазарот беше направено преку Економскиот совет на град Прилеп, Стопанските комори и Регионалната Занаетчиската комора каде се увиде интересот за гасификација и нивните потреби за нов енергенс”, додаде Ристески.
“Ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно за развојот на економијата зошто преку обезбедувањето на поевтини енергенси и заштита на животната средина ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и подобар квалитет на живеење
Гласајте за бројот 13, за гасификација на Прилеп, за нови капитални инвестиции”, порача актуелниот градоначалник на Прилеп и каднидат за иден мандат на општината.