На граничниот премин во Стара Градишка во торба на 25-годишна жена биле пронајдени четири ракетни фрлачи. Автобусот се движел од Херцеговина за Германија, a за торбата тврдела дека и ја дал нејзиниот маж.
Во саботата околу 15:35 часот цариникот ја прегледал нејзината торба, при што пронашол три золји и ракетен фрлач RPG 22.
Осомничената рекла дека патувала за Германија кај својот болен брат.
Во своја одбрана рекла дека торбата и ја дал нејзиниот сопруг со кој се разведува.
Според нејзе тој и рекол дека во торбата има пршута.