Резултатите од напорната работа видливи и денес: СОУ “Ѓорче Петров” од Прилеп прогласено за најбезбедно и најчисто училиште

СОУ „Ѓорче Петров“ е најбезбедно и најчисто училиште лани. Добија и благодарница потпишана од министерката Рената Дескоска. На јавниот повик од Министерството за образование и наука за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, СОУ „Ѓорче Петров” го освои првото место.

– Целта на министерството беше зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, а во конкуренција од седум средни училишта, нашето е избрано за најчисто и најбезбедно – информираат од училиштето.

Изборот за најчисто и најбезбедно училиште го извршила стручна комисија од Министерството, врз основа на пристигнати апликации и увид во училиштата. Апликацијата била подготвена од страна на учениците во координација со професорката Снежана Переска.

Инаку во ова училиште се вложија огромни средства во изминатите години. Се изгради спортска сала, се промени дограмата, се обнови столаријата, училиштето доби нов современ влез, уреден беше поголемиот дел од дворот, се уредија нови кабинети….

Резултатите од вложените над 10 милиони евра во образованието изминатите 12 години во Прилеп, не можат да бидат занемарени.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.