Регулаторна со нова одлука: Еве кои се цените на бензините

bezninska

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот останува иста, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и тој ќе се купува по цена од 23,993 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика информира дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,25 проценти во однос на рафинериските и малопродажните цени утврдени на 8 август. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период била за 0,33 проценти повисока, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.