Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на горивата во Македонија

Бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот од полноќ ќе биде поскап за 2 денари за еден литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според последната одлука, ЕУРОСУПЕР БС95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари.
Дизелот станува поскап за 2 денари и еден литар од полноќ ќе се точи за 54 денари.
Поскапува и маслото за домаќинство и неговата нова цена ќе биде 42,5 денари за литар.
Одлуката се правда со поскапувањето на суровата нафта на светските берзи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.