Патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со прилепски регистерски ознаки, сопственост на М.И.К., било опожарено рано утрово на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп.
Како што соопшти денеска МВР, случајот рано изутрината во 01:10 часот во Полициската станица Прилеп го пријавила Територијалната противпожарна единица-Прилеп. По извршениот увид било утврдено дека пожарот го предизвикал непознат сторител.
Возилото било опожарено во делот на задната десна гума, дел од браникот, едното крило, дел од покривот, задната десна врата, петтата врата, тапацирот во внатрешниот дел и багажниот простор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Претходно на 14.08. гореше возило на улица “Златибор” кога беше опожарена внатрешноста на паркирано патничко моторно возило „Форд Шкорпион“ со охридски регистарски ознаки сопственост на 44- годишниот Г.Р од Прилеп.