Ракометарите на нашиот шампион Вардар, Михајло Марсениќ и Данил Шишкарев, се дружеа со играорците од КУД “Танец” и се обидоа да научат да играат македонско оро.
На почетокот одговорија дека потешко е да се биде ракометар и тренингот на ракометарите е потежок од оној на играорците, но потоа го променија мислењето.