Работа во Германија која е платена по 150 евра дневно, а несака да ја работи никој – Можеби вие ќе сакате!

Дел од овој износ се одбива на име данок, но сезонските работници дел од тој уплатен данок можат да го добијат назад, доколку поднесат барање на крајот од даночната година

branje-spargle-620x350

Тие кои не се задоволни од дневниците во Македонија, можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе. Таму, всушност, дневницата за берење аспарагус е 150 евра, работниот ден трае од 8 до 10 часа со една пауза. Недела е неработен ден.

Овој вид на работа не е атрактивен за Германците, бидејќи за нив овие примања се ниски, но е доста привлечен за Хрватите и Пољаците.

Мислењата на интернетот се поделени – од воодушевеност за брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно за цигари и други луксузни артикли.

Како недостаток најчесто се наведува тоа што се работи по цел ден (не е прецизирано), тоа што смештајот е во бараки и што обилен оброк чини 10 евра по ден, но затоа пак паузата за ручек трае еден час.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.