Во Кина е изведена првата успешна трансплантација на човечка глава.
Ова го откри италијанскиот хирург Серџо Канаверо за лондонскиот “Гардијан”.
Главата е споена со телото на друг човек кој повеќе не бил жив. Операцијата траела 18 часа и изведена е во Медицинскиот факултет во кинескиот град Харбин. Хирурзите успеале да ги поврзат сите ткива, сите нерви и крвни садови.
Канавео во Харбин бил главен асистент на кинескиот хирург кој минатата година успешно трансплантирал глава на мајмун.
Ф.Г.