РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО! ВАРДАР ЈА ПОКОРИ ЕВРОПА!

 

Generated by  IJG JPEG Library

Вардар е новиот шампион во Лигата на шампионите на стариот континент. Новите македонски херои се ракометарите на Вардар. Македонија може да слави, Македонија треба да се гордее!

Во финалето на фајнал фор турнирот во Келн, Вардар го порази тимот на Парис Сен Жермен со резултат 23:24 и ја освои шампионската титула, прва во историјата на македонскиот машки ракомет.

Дебитантската сезона на фајнал фор турнирите Вардар ја круниса со титула на радост на целата македонска јавност.

Вардар ја покори Европа, Вардар е новата македонска гордост!

Момци ви благодариме! Ги освоивте нашите срца!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.