Владимир Путин го шокираше светот со својот говор на Светскиот студентски фестивал во Сочи, каде посочи дека создавањето на генетски модифицирани војници е следната фаза од воената индустрија. Претседателот на Русија рекол дека овој вид на оружје ќе биде полошо дури и од нуклеарните бомби.
Тој говорејќи пред група од студенти рекол дека научниците во Русија за скоро време ќе го пробијат генетскиот код и ќе создадат нешто “полошо дури и од нуклеарна бомба”.
Toa би значело создавање на “супер војници” кои нема да чуствуваат болка и страв.
“Moже да следат секакви практични последици. Може да се замисли дека човекот може да создаде човек, не само теоретски, туки и практично”.
Тоа може да биде математичар генијалец, неверојатен музичар или војник, човек кој ќе се бори без страв, сочувство, жалење и болка
Како што можете да разберете, човештвото може да влезе и, најверојатно тоа ќе се случи, во блиска иднина, во многу тежок и многу одговорен период на своето постоење”, рекол рускиот претседател.
А/Г/