Пукање во прилепско – младо момче едвај спасило жива глава

Вчера околу 20 часот во село Дебреште – Прилеп, во куќа во сопственост на 54-годишниот С.И., неговиот 27-годишен син Е.И. забележал дека била извршена тешка кражба така што е извршено пребарување по собите, и при тоа бил одземен златен прстен, 21.500 денари и 1.000 евра.

Додека Е.И. се распрашувал низ селото во врска со кражбата, пред куќа на соселанец забележал возило, во кое имало три непознати лица.

Тогаш едно од лицата кое седело на совозачкото место извадило пиштол и испукало еден куршум. Е.И. исплашен, со неговото возило го напуштил местото на настанот, а лицето повторно испукало еден куршум и го погодил задниот дел од возилото на Е.И. По настанот лицата го напуштиле местото на настанот.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп, при што е пронајдена една чаура и еден проектил на задното седиште од возилото на Е.И. Од страна на полициски службеници по превземени мерки лоцирано е возилото со кое биле лицата како се упатува кон месноста “Украсен камен“, каде удрило во ограда од викендица, а потоа во дрво, по што лицата избегале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.