Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека во близина на градот Миња по долината на Нил, јужно од Каиро, е откриена древна некропола.
Научниците соопштија дека се пронајдени околу илјада статуи и 40 саркофази кои потекнуваат од 664. и 332. година пред новата ера и дека истражувањата ќе траат уште пет години.
Мостафа Вазир, главен археолог на истражувањето, вели дека голем број артефакти се посветени на египетскиот бог Теут.
Пронајдени се и четири садови со ликовите на четворицата синови на египетскиот бог Хорус.
– Тие се уште ги содржат мумифицираните внатрешни органи на покојникот. Украсени се со хиероглифи кои ги откриваат имињата на нивните сопственици, истакна Вазир.
Интересно е што токму на Нова година е пронајден и ѓердан на кој со хиероглифи е напишано „Среќна Нова година“.
– Оваа порака е испратена од задгробниот живот, додаде Вазир.
Меѓу најновите откритија е и гробница на претставник на древната кралска палата, погребан пред повеќе од 4.000 години.