Кривичниот суд во Скопје го прифатил барањето на обвинителството и му изрекол притвор и на Претседателот на македонското патриотско здружение “Андон Ќосето”, Горан Ангелов.
Информацијата за тоа е пренесена на неговиот фејсбук профил.
Претходно притвор добија актерот Владо Јованоски, оперскиот пејач Игор Дурловски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиески, а куќен притвор беше изречен за пратеничката Жаклина Пешевска и Борис Дамовски.