Фолк-поп дивата Елена Велевска не мирува!
Летото е период во кој таа е задолжена за многу семејни веселби, настапи низ Македонија на плоштадитe, клубовите, на морето во Бугарија, и едвај наоѓа време за себе и одмор со семејството.
Професионалните обврски не и дозволија да замине на одмор некаде подалеку, но таа секој слободен момент го користи да се опушти на некој oд базените во Охрид.
Друштво и прават дечињата, како и нејзиниот личен асистент.