Прилепчанка ја ограбила својата вујнa така што ја украла нејзината кредитна картичка со помош на која повлекла 80.000 денари.
Против 47-годишната Л.В. е поднесена кривична пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Осомничената на 3 декември минатата година заедно со нејзината вујна, 82-годишната Д.П. од картичката на старицата извадиле 4.000 денари, по што Л.В. не и ја вратила картичката. Таа ги задржала и парите.
Л.В. во текот на истиот месец од картичката повлекла вкупно 80.000 денари.