Прилепчани се искачија на највисокиот врв на Алпите – Погледот е НЕВЕРОЈАТЕН (ВИДЕО)

215151

Маријана Ѓорѓиевска е првата прилепчанка кој се искачи на  највисокиот врв на Алпите, а воедно и највисокиот врв во Западна Европа Монблан. Заедно со Владимир Јованоски тие го претставуваа планинарскиот клуб “Мамути” од Прилеп на оваа неверојатна авантура и го развиорија македонското знаме на 4810 метри високиот врв во Франција.

Искачувањето  и слегувањето на врвот на Алпите траело три дена, а снегот и силното невреме не биле пречка за овие двајца наши прилепчани да стигнат до највисоката точка и да го остварат својот сон.

Патот до највисокиот врв на француските Алпи е стрмен и тежок, но погледот од таму е неверојатен, велат Маријана и Владимир, доловувајќи ја оваа неверојатна убавина со видео.

Целата нивна експедиција погледнете ја на следниот линк:

Првото прилепско чупе кое се искачи на Монблан: Македонското знаме се виореше и на највисокиот врв во Франција (ФОТО)

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.