Во организација на Lions клубот од Прилеп и подмладокот Лео клубот „Dream Team – од „Деца за Деца“, денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ беше организиран хуманитарен музички хепенинг под мотото: “Сплотени во хуманост- за Ивана” која боледува од леукемија.
Настанот го поддржаа со свои настапи КУД „Пенка Котеска“, КУД „Моминок“, Гоце Б.- Чоки со бендот, Зоран Илиев, Елена Јовческа, Анастазија Христоска, Ивона Нанческа, Михаел Милошески, Ален Хасановиќ , Александра Трајческа, New Generation,
The Pioneers, Banda Band, High Start и Crossroad Blues Band.
Прилепчани одново ги отворија срцата и со задоволство донираа за спасувањето на еден млад живот.